fbpx

Филипче: Вакцината Астра Зенека нема да се дава на лица помлади од 60 години кај нас

Објавено на: 08.04.2021 | 14:04
Категории: Featured | Соопштенија

Во денешната изјава за медиуми министерот д-р Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледуваше и ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови да секоја држава завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено е дека вакцината Астра Зенека кај нас ќе се аплицира исклучиво на лица постари од 60 години.

“Утрово разговаравме и го разгледувавме ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината на Астра Зенека, после евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот излезе со две препораки, првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба за завземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината и согласно тоа после утринските консултации донесовме став да вакцината на Астра Зенека не се дава на лица помлади лица од 60 години во нашата земја.” – кажа Филипче.

За сите граѓани кои ја примија вакцината на Астра Зенека во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски агенции.

“Во однос на претпазливост кај тие што веќе добија една доза на вакцина на Астра Зенека, тоа се луѓето коишто се вакцинираа со оваа вакцина во Србија нема никакви препораки за било каква претпазливост освен да ако имаат некакви симптоми се јават на контрола и преглед кај лекар а во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од некои 3 месеци, засега нема некој став, ќе ги пратиме и насоките и од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе завземеме став и во однос на ова прашање.”- кажа министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД...

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...