fbpx

63-та седница на Владата: Донесени се одлуки за нови рестриктивни мерки за заштита од КОВИД-19, ограничување на движење на граѓаните од 20:00 до 05:00 часот; затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители; забрана за групирања на повеќе од 4 лица на јавни површини

Објавено на: 05.04.2021 | 19:04
Категории: Featured | Соопштенија

На денешната 63-та редовна седница, Владата, го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести и донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани на Република Северна Македонија, со цел намалување на бројот на новозаразени и намалување на оптоварувањето на здравствените работници, со цел успешно справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата.

Новите рестриктивни мерки се однесуваат на:

  • Продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 20 април 2021 година.

За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцинација, во временски период непосредно пред започнување на забраната и посебниот режим на движење им се дозволува враќање до своето живеалиште/престојувалиште врз основа на потврдата за извршена вакцинација.

  • Целосна забрана за посетители-гости во сите угостителски објекти (кафетерии, ресторани, барови, клубови) и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) или на бензинските станици, а оние угостителски објекти, кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт) почнувајќи од 7 април 2021 година, (среда) до 20 април 2021 година.

Исклучок од ова се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување).

  • Целосна забрана за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт) односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители, почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година.
  • Целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање почнувајќи од 6.4.2021 година (вторник) до 20 април.
  • Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 6.4 до 20.4.2021 година.

На седницата беше прифатено и укажувањето на Главниот кризен штаб за потребата од стриктно почитување на забраната за собирање во групи и групирања на повеќе од четири лица на јавен простор, паркови, или било која површина на отворено. Ова важи на целата територија на државата секој ден во текот на седмицата.

Продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.

За земјоделците, остануваат истите правила за движење за време на полицискиот час. Ова се однесува на нивното движење за извршување на работните обврски во атарот (местото на живеење) исклучиво за извршување на работните обврски. Останува да важат дозволите за движење на регистрираните земјоделци, евидентирани во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД...

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...