fbpx

МЗ: Првата пратка „Спутник В“ стигна во нашата земја

Објавено на: 07.03.2021 | 19:03
Категории: Featured | Соопштенија

Министерот за здравство Венко Филипче и н.е.Сергеј Баздникин амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија, денеска на меѓународниот аеродром во Скопје ја пречекаа првата пратка од вакцината против Ковид 19, на рускиот производител „Спутник В“. Министерот Филипче изрази благодарност до амбасадорот за неговиот личен ангажман за овие дози, што побрзо да стигнат во нашата земја. Од рускиот производител, нашата земја обезбеди 200.000 вакцини, денешната испорака е 3000 дози за исто толку граѓани, а за ревакцинација ќе стигне нова пратка.

  • Ние ќе ја продолжиме нашата интензивна комуникација со цел да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количини. Вкупно нарачани се 200.000 дози, станува збор за вакцини коишто се различни во делот на вакцинација и ревакцинација, што значи дека сите овие 3.000 дози ќе се користат за прва вакцина. Продолжува процесот на имунизација во дел на здравствени работници и според индикацијата на граѓани како што е тоа предвидено во Националниот план за имунизација – изјави Филипче.

Амбасадорот Баздникин рече дека вакцината „Спутник В“ е безбедна и ефикасна и истакна дека вакцината ќе биде вредно оружје во борба против ковид пандемијата.

  • Со Република Северна Македонија, вакцината е регистрирана во 46 земји во светот, вклучувајќи неколку држави во ЕУ. Сега е во тек во забрзана постапка во Европска Агенција за Лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашите лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО да се користи во вонредни ситуации.

Имунизацијата ќе продоложи да се одвива согласно Националната стратегија за имунизација објасни министерот Филипче. Вакцината од производителот „Спутник В“ се чува на -20 степени, а истата е сместена во Поликлиниката Јане Сандански во Скопје.

  • Станува збор за замрзнат раствор, тоа значи дека за разлика од фајзеровата вакцина којашто се раствараше и од една вијала се вадеа шест дози ова е една вијала за од 0.5мл за еден корисник на вакцината. Во однос на вакцинацијата има упатство за претпазливост само кај трудници и доилки и никаква друга контраиндикација, значи продолжуваме со Националниот план кадешто најстарите граѓани со хронични болести и тоа што денеска и вчера работеа претставниците на нашиот тим којшто го изготвуваше планот, веројатно дека ќе бидат луѓето сместени во старечките домови. Сите тие со хронични заболувања ќе бидат известени преку своите матични лекари да дојдат до пунктовите коишто ќе бидат најблиску до местото на живеење, а во делот на старечките домови ќе се спроведе таму во домовите кајшто се старите лица сместени  – изјави министерот.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 252 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.492 – Оздравени се 426 пациенти – Пријавени се 5 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 252 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.492 – Оздравени се 426 пациенти – Пријавени се 5 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10,...

Во последните 24 часа регистрирани се 313 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.240 – Оздравени се 364 пациенти – Пријавени се 7 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 313 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.240 – Оздравени се 364 пациенти – Пријавени се 7 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија...

Во последните 24 часа регистрирани се 381 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 338.929 – Оздравени се 775 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 381 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 338.929 – Оздравени се 775 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија –...