fbpx

На Инфективните одделенија во земјава се лекуваат 377 пациенти, слободни кревети има

Објавено на: 22.02.2021 | 11:02
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 377 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 31, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 625 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Последна прес-конференција

Заев и Вучиќ на примопредавањето на вакцините од Србија: Ова е чин на драгоцено пријателство и подадена рака и со овие вакцини се означува почетокот на имунизацијата од КОВИД-19

Заев и Вучиќ на примопредавањето на вакцините од Србија: Ова е чин на драгоцено пријателство и подадена рака и со овие вакцини се означува почетокот на имунизацијата од КОВИД-19

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце-Прешево го пречека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој во нашата земја ја донесе пратката вакцини што оваа наша соседна земја ја издвои на...

Последна седница

Од 40-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...

Денеска се регистрирани 582 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 101.214, оздравени се 374  пациенти – починати се 13 лицa

Денеска се регистрирани 582 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 101.214, оздравени се 374 пациенти – починати се 13 лицa

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23,...

Извештај на ИЈЗ од 15 до 21 февруари, 2021г: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица, процентот на позитивност во просек 14,7%

Извештај на ИЈЗ од 15 до 21 февруари, 2021г: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица, процентот на позитивност во просек 14,7%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8%...