fbpx

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекуваaт 261 болен, сомнителен и потврден за КОВИД-19

Објавено на: 19.02.2021 | 12:02
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 261 лице сомнително и потврдено за КОВИД-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 261 пациент потврден и сомнителен за КОВИД-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка

Последна прес-конференција

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди...

Последна седница

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 554 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 101.762, оздравени се 210 пациенти – починати се 8 лицa

Денеска се регистрирани 554 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 101.762, оздравени се 210 пациенти – починати се 8 лицa

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22,...

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Министерот за здравство, Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид кризата. Јавното здравство веднаш се реорганизираше и ниту еден пациент не остана без потребната...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...