fbpx

За два дена вакцинирани 453 здравствени работници, желба за вакцинација изразиле над 91.000 граѓани

Објавено на: 19.02.2021 | 11:02
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека 453 здравствени работници кои работат во ковид центрите се вакцинирале во изминатите два дена. Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница на КИБФС во Скопје, каде се поставени 6 вакцинални позиции, се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.

Во тек е имунизација со вакцината од производителот Фајзер, а кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител Синофарм, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против КОВИД-19.

Министертвото за здравство информира дека Република Северна Македонија преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината АстраЗенека, од која првата количина е планирано да стиген во март. Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс механизмот за вакцини Фајзер вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против КОВИД-19.

Министерството за здравство апелира дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните.

Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а Фајзер дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст.

Последна прес-конференција

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди...

Последна седница

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Министерот за здравство, Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид кризата. Јавното здравство веднаш се реорганизираше и ниту еден пациент не остана без потребната...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...