fbpx

38 илјади лица над 70 години изразиле интерес за вакцинација против КОВИД-19, досега 85,179 лица заинтересирани да примат вакцина

Објавено на: 18.02.2021 | 11:02
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против КОВИД-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.

Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во земјава. Согласно направениот план за вакцинација на здравствените работници, први се вакцинираат медицинските лица кои работеле или работат со КОВИД пациенти од инфективната клиника, ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната недела вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците низ државата, како и приватните болници.

Со ова, нашата земја ќе биде една од ретките земји во Европа во која ќе ја имаат примено вакцината против КОВИД-19 сите здравствени работници кои лекувале пациенти позитивни на коронавирусот.

Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Во неделата, од Србија добивме 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер. Во текот на следната недела, во Северна Македонија се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.

До крајот на месец февруари, се очекуваат да пристигнат и 200-те илјади вакцини од Народна Република Кина.

Последна прес-конференција

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди...

Последна седница

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 554 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 101.762, оздравени се 210 пациенти – починати се 8 лицa

Денеска се регистрирани 554 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 101.762, оздравени се 210 пациенти – починати се 8 лицa

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22,...

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Министерот за здравство, Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид кризата. Јавното здравство веднаш се реорганизираше и ниту еден пациент не остана без потребната...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...