fbpx

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 16 пациенти, а вкупно се лекуваaт 240 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Објавено на: 03.02.2021 | 13:02
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 16 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 240 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.

Вкупно 240 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 94 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 83 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.942 – Оздравени се 79 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Денес се регистрирани 83 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.942 – Оздравени се 79 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3,...

Регистрирани се 176 нови лабораториски случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со  изнесува 310.859 – Оздравени се 275 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Регистрирани се 176 нови лабораториски случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 310.859 – Оздравени се 275 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022): Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен...

Денес се регистрирани 89 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.684 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Денес се регистрирани 89 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.684 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп...