fbpx

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваaт 306 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Објавено на: 14.01.2021 | 13:01
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 306 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми,

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент.

Вкупно 306 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 122 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Последна прес-конференција

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

„Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет мерки и препораки, за период од 18 декември до 20 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на...

Последна седница

Од 40-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 347 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90471 – Оздравени се 378 пациенти – починати се 11 лицa

Денеска се регистрирани 347 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90471 – Оздравени се 378 пациенти – починати се 11 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-179, Куманово-24, Тетово-14, Прилеп-5, Гостивар-8, Штип-13, Битола-1, Велес-11, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-13,...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...

Денеска се регистрирани 307 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90124, oздравени се 658 пациенти – починати се 14 лицa

Денеска се регистрирани 307 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90124, oздравени се 658 пациенти – починати се 14 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10,...