fbpx

Извештај на ИЈЗ за периодот 4 до 10 јануари 2021г: Намалување на бројот на смртни случаи и процентот на позитивни од тестирани, зголемен број на оздравени лица

Објавено на: 13.01.2021 | 14:01
Категории: Featured | Соопштенија

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари 2021г. тестирани се вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.

Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=622, 25,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=470; 19,0%), 50-59 (n=455; 18,4%), 30-39 (n=455; 18,4%) и 20-29 (n=330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=39; 1,6%) и 10-19 години (n=100; 4,0%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 4 до 10 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со КОВИД-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Последна прес-конференција

Министерот Филипче: Бројот на хоспитализирани лица е голем, но состојбата е стабилна и слободни места има

Министерот Филипче: Бројот на хоспитализирани лица е голем, но состојбата е стабилна и слободни места има

Во ковид центрите во земјава минатата недела се лекувале помеѓу 1300 и 1400 пациенти, болниците и понатаму се под голем притисок, но слободни кревети постојано има - изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата. „Добро се...

Последна седница

Од 36-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 36-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19....

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 322 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 322 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...