fbpx

Матичните лекари вчера добија протокол за лекување со Ивермектин

Објавено на: 13.01.2021 | 12:01
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и КОВИД-19 центрите при интернистичкиот блок, изготви мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со КОВИД-19.

Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари. До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат протоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО РСМ. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерството за здравство потенцира дека Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација. Апелираме граѓаните на своја рака да не го пијат лекот Ивермектин, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за користење на лекот и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи Ивермектинот.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 193 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.211 – Оздравени се 97 пациенти – Пријавени се две починати лица

Регистрирани се 193 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.211 – Оздравени се 97 пациенти – Пријавени се две починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар...

Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.018 – Оздравени се 110 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.018 – Оздравени се 110 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8,...

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по...