Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со КОВИД-19.
Заев и Вучиќ на примопредавањето на вакцините од Србија: Ова е чин на драгоцено пријателство и подадена рака и со овие вакцини се означува почетокот на имунизацијата од КОВИД-19
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска на граничниот премин Табановце-Прешево го пречека претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој во нашата земја ја донесе пратката вакцини што оваа наша соседна земја ја издвои на...