Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со КОВИД-19.
Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...