fbpx

Здравствените работници порачуваат: Претстојните празници да ги прославиме во кругот на најблиските

Објавено на: 16.12.2020 | 18:12

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски. Па така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека не смееме да се откажеме, посебно не сега, во последните мигови.

Здравствените работници ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Тие порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.

„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!“, порачуваат здравствените работници.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 37-та седница на Владата: Укинато носењето маски во затворени простори

Од 37-та седница на Владата: Укинато носењето маски во затворени простори

Владата на Република Северна Македонија на 37-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ). Според овие препораки, Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во...

Со караванот за вакцинирање против КОВИД-19 приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа

Со караванот за вакцинирање против КОВИД-19 приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа

Заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за Северна Македонија, Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО го посетија селото Неготино во општина...

Караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19 почна од Шуто Оризари, опфатени се 14 локални заедници

Караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19 почна од Шуто Оризари, опфатени се 14 локални заедници

Министерот за здравство Беким Сали, амбасадорката на САД Кејт Брнз, претставници од СЗО и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани ја посетија првата од 14-те локални заедници каде што ќе помине караванот за вакцинација против КОВИД-19 во следните две недели....