fbpx

Почна кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците

Објавено на: 15.12.2020 | 17:12
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

blank

Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на КОВИД-19.

Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со КОВИД-19, токму поради славењето во затворен простор во големи броеви.

На сите треба да ни е јасно дека во престојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.

Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:

  • Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи
  • Се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица.
  • Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.
  • Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.
Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани.

Славењето може да почека – здравјето не.

#ПразнувајОдговорно

Последна прес-конференција

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

„Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет мерки и препораки, за период од 18 декември до 20 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на...

Последна седница

Од 40-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 347 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90471 – Оздравени се 378 пациенти – починати се 11 лицa

Денеска се регистрирани 347 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90471 – Оздравени се 378 пациенти – починати се 11 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-179, Куманово-24, Тетово-14, Прилеп-5, Гостивар-8, Штип-13, Битола-1, Велес-11, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-13,...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...

Денеска се регистрирани 307 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90124, oздравени се 658 пациенти – починати се 14 лицa

Денеска се регистрирани 307 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 90124, oздравени се 658 пациенти – починати се 14 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10,...