fbpx

Министерот Филипче: Бројот на хоспитализирани лица е голем, но состојбата е стабилна и слободни места има

Објавено на: 15.12.2020 | 16:12

Во ковид центрите во земјава минатата недела се лекувале помеѓу 1300 и 1400 пациенти, болниците и понатаму се под голем притисок, но слободни кревети постојано има – изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

„Добро се менаџира делот на хоспитализација на пациенти. Имаме некаде околу 150 и 200 слободни кревети на територија на целата држава секој ден последователно во изминатите повеќе од една недела. Вчерашната анализа на Р0 факторот на преносливост упатува на некои позитивни трендови за првпат после подолго време тоа е под 1, односно изнесува 0,95“, истакна министерот Филипче.

Сепак овие бројки смета тој се нешто што не треба да не опушти, заради тоа што имаме голем број на заболени и се уште има сериозно голема бројка на дијагностицирани пациенти секој ден.

„Не смееме да си дозволиме поинаков пристап што може да доведе до влошување на ситуацијата. Ја следиме и состојбата во регионот и иако има некои трендови на забавување, во регионот се уште има голем број на новодијагностицирани и починати лица“ – изјави министерот Филипче.

Информациите од соседството покажуваат дека во Хрватска во изминатото деноноќие имало 65 починати, 44 во Словенија, а 60 во Грција.

Во однос нс модуларните болници, министерот истакна дека се во фаза на поставување.

„Во Гевгелија е завршена инсталацијата, сега следуваат модуларните болници во Штип, Кичево, Струга, Битола. Спремна е подлогата и во Струмица. Тоа е нешто што се очекува во следниот период со оваа динамика да продолжи. За жал има одредено доцнење поради блокадата на опозицијата во техничката влада“ – објасни министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди...

Последна седница

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Од 42-та седница на Владата: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени, 70% од новите случаи се со британски сој, викендов следува анализа на состојбата во одредени градови

Министерот за здравство, Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид кризата. Јавното здравство веднаш се реорганизираше и ниту еден пациент не остана без потребната...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...