fbpx

Филипче: УНИЦЕФ се вклучува во делот на склучување на договори и транспорт на вакцините до нашата земја

Објавено на: 15.12.2020 | 16:12

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека подготовката за прием, дистрибуција и вакцинација за Ковид-19 се одвива со одлична динамика.

По посетата на сите економски оператори кои и сега чуваат и дистрибуираат вакцини, Филипче потенцираше дека нивните капацитети се подготвени, а останува во месец јануари да пристигнат преку донација и специјалните фрижидери кои се наменети за вакцината на Фајзер, која се складира на -70 степени.

На прес-конференцијата, тој посочи дека нашата држава е активирана на три полиња за набавка на вакцина против ковид вирусот. Тоа се КОВАКС системот, Европската Унија и и директни договори со компаниите Фајзер и Астра Зенека.

„Денеска на владината седница помина информацијата со којашто УНИЦЕФ се вклучува во помошта во делот на склучување на договорите и транспортот на вакцините до нашата земја од тој прозводител којшто ќе биде одреден од КОВАКС системот, како институција која има и капацитет и можности и знаење. Ова беше една од препораките на КОВАКС системот, УНИЦЕФ да се вклучи во овој дел од снабдувањето со вакцината“, рече Филипче.

Министерот уште еднаш нагласи дека вакцините ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, возрасните над 65 години и оние граѓаните со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.

Министерот Филипче, упати апел граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести, особено во овој период кога се интензивираат бројните дезинформации во однос на вакцините.

„Вакцините се безбедни, тестирани, проверени и развиени на безбеден начин, исто како и сите други вакцини кои денес се користат. Примарната цел на вакцинацијата е заштитита на населението и пред се намалување на смртен исход од заболување со Ковид-19.“-нагласи Филипче.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД...

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...