fbpx

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 805 пациенти, слободни кревети има

Објавено на: 15.12.2020 | 15:12
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 97 во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по...

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9,...

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022): Направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово –...