fbpx

Филипче: Со измена на програмата за имунизација чекор поблиску до Ковид вакцината

Објавено на: 07.12.2020 | 19:12
Категории: Соопштенија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска на седница на Влада поднесе Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година. Со измена на Програмата за вакцинација, сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за Ковид 19 преку Ковакс механизмот, нагласува министерот Филипче.

Програмата предвидува измени во делот за финансиски, средства како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот. Преку Ковакс механизмот ќе се обезбедата 833.000 вакцини, овие дози вакцини се за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација.

Вакцините во земјава ќе стигнуваат согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс, а испораката ќе биде истовремено во сите 127 земји, како и земјите од регионот Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и дел од Србија. Првата испорака на вакцини се очекуваат во првите месеци од 2021 година.

„Покрај овој механизам, Министерството за здравство започна преговори, односно достави формални барања за обезбедување вакцини уште преку два други механизми. Првиот е во директни преговори и со директна набавка од компаниите Фајзер у Астра Зенека кои ги произведуваат вакцините, а од каде наскоро очекуваме да имаме и формална понуда. Третиот механизам е преку Европската Унија за што е исто така формално побарано од делегацијата во Скопје и очекуваме информација. Што се однесува до набавката во рамки на Европската Унија, таа нарачува 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.“ – истакнува Филипче.

Ковид вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани и нема да е задолжителна. Со почетокот на вакцинацијата нема веднаш да се намали ризикот од Ковид 19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените установи, но вакцинацијата и натаму доследното почитување на превентивни мерки можат значително да ја смената сликата на пандемијата.

Вирусот Ковид 19 ќе продолжи да циркулира и следниот период оттука мерките за превентива и заштита како носење маска, држење дистанца, негрупирање, хигиена на раце ќе бидат задолжителни и во периодот пред нас.

На приоритетната листа за вакцинација први ќе бидат здравствените работници кои работат со ковид, како и ризичните групи граѓани со зголемен ризик за Ковид 19, за кои вакцината ќе биде високо препорачана, но не и задолжителна.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а...

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза...

Во скринингот за КОВИД-19 опфатени се 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето

Во скринингот за КОВИД-19 опфатени се 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од КОВИД-19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени...