fbpx

Филипче: Штип добива амбулантно возило, следува целосно реновирање на дел од штипскиот здравствен дом

Објавено на: 05.12.2020 | 12:12
Категории: Соопштенија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ги посети Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, каде оствари средба со менаџерскиот тим на установите и вработените во овие јавно-здравствени установи.

На средбата, тие разговараа за состојбата и справувањето од ковид-19 вирусот, како и за тековните активности кои се одвиваат во овие установи.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче потенцираше дека во Здравствениот дом во Штип следува целосно рановирање на ходниците и тоалетите, а реконструкцијата треба да почне за две недели. Тој, исто така најави дека овој здравствен дом ќе добие возило за Итната медицинска помош и посебна специјална опрема за возилата.  

Преку проектот на Светска банка, од следната година ќе бидат реновирани сите вакцинални пунктови во државата.

Министерот Филипче информираше дека има сосем доволна количина на тестови за коронавирус и близу 100 тестирања се прават на дневно ниво. Системот на координација функционира добро и пунктовите за тестирање работат во две смени.

Во однос на Службата за итна медицинска помош во Штип, капацитетите значајно се зголемија. Повеќе од 20тина доктори и медицински сестри беа примени на работа.

Последна прес-конференција

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

„Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет мерки и препораки, за период од 18 декември до 20 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на...

Последна седница

Од 40-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните...

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19....

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 322 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 322 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...