fbpx

Почна тестирање со брзи тестови во Кочани, Кавадарци, Велес и Куманово, Битола и Делчево

Објавено на: 26.11.2020 | 12:11
Категории: Соопштенија

Министерството за здравство информира дека од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, Здравствените домови во Велес и Куманово. Денеска, со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево, а Центарот за јавно здравје Битола од понеделник, 30 ноември.

Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.

И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.

Досега, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19 почна од Шуто Оризари, опфатени се 14 локални заедници

Караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19 почна од Шуто Оризари, опфатени се 14 локални заедници

Министерот за здравство Беким Сали, амбасадорката на САД Кејт Брнз, претставници од СЗО и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани ја посетија првата од 14-те локални заедници каде што ќе помине караванот за вакцинација против КОВИД-19 во следните две недели....

Извештај на ИЈЗ од 07.03.2022 до 13.03.2022 година

Извештај на ИЈЗ од 07.03.2022 до 13.03.2022 година

Регистрирани сe 1.818 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, со намалување од 27,4% во однос на минатата недела (n=2.504). Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 13,8%, просечно 11,6%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во...

Извештај на ИЈЗ од 28.02.2022 до 06.03.2022 година

Извештај на ИЈЗ од 28.02.2022 до 06.03.2022 година

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела (n=3.701). Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во...