fbpx

Информации за Кризната состојба

Објавено на: 26.11.2020 | 12:11

Основни информации

Владата на Република Северна Македонија на 23-та седница одржана на 20.11.2020 година, донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Прочитајте повеќе за одлуката за постоење на кризна состојба, донесена на 23-та седница на Владата, тука.


Зошто и како се прогласува кризната состојба?

Кризна состојба се прогласува заради справување со кризна состојба која претставува ризик по добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на нејзин дел.
Владата, донесува одлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба.

Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон.

По предлог на Владата, за учество на дел од Армијата во справувањето со кризна состојба одлучува претседателот. Силите за заштита и спасување формирани во согласност со Законот за заштита и спасување во кризна состојба учествуваат во отстранување на последиците од истата.

Прогласувањето на кризна состојба е предвидено со Законот за управување со кризи, кој е понизок правен акт од Уставот. Нашиот Устав познава прогласување вонредна и воена состојба, но не и кризна.

Во согласност со Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Доколку постои потреба од подолг период, тогаш Собранието мора да го одобри тоа или ако не се продолжи рокот на кризната состојба, тогаш се преминува на прогласување вонредна состојба.


Која е разликата помеѓу кризната состојба и вонредната состојба?

Разликите помеѓу прогласување на кризна и вонредна состојба се следните:

  • При прогласување на кризна состојба, Центарот за управување со кризи е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со законот. При прогласување на вонредна состојба, Владата е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со Уставот и закон.
  • Клучната разлика помеѓу прогласување на вонредна или кризна состојба е во ефикасноста на мерките кои може да се преземат со цел превенција и заштита, како и санација на последиците кои ќе ги предизвика коронавирусот. 

Кои се разликите помеѓу Кризниот штаб и Управувачкиот комитет?

При Центарот за управување со кризи се формира Главен штаб, како оперативно-стручно тело кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни состојби.

Главниот штаб го сочинуваат претставници од учесниците во Управувачкиот комитет. Членови на штабот се и раководителот на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Со Главниот штаб раководи директорот на Центарот.

Управувачкиот комитет е тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи. Управувачкиот комитет го сочинуваат министрите:

  • за внатрешни работи,
  • здравство,
  • транспорт и врски,
  • одбрана,
  • надворешни работи и
  • раководителот на Групата за процена.

Доколку составот на Управувачкиот комитет не ја одразува соодветната и правична застапеност на заедниците, составот на управувачкиот комитет се дополнува и со други членови на Владата. Во зависност од кризната состојба, по потреба, во работата на Управувачкиот комитет можат да се вклучат и други функционери кои раководат со органите на државната управа.

Во работата на Управувачкиот комитет учествува и еден претставник од Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија од редот на членовите на Комисијата од најголемата политичка партија во опозиција и еден претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.


Какви надлежности има Центарот за управување со кризи?

Центарот за управување со кризи, ги врши работите што се однесуваат на:

    • Oбезбедување континуитет во меѓуресорската и меѓународната соработка, консултации и координација во управувањето со кризи;
    • Изработување и ажурирање на единствена процена на ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката и предлагање мерки и
    • Активности за разрешување на кризна состојба и врши и други работи утврдени со закон.

Центарот е носител на вкупната поддршка (стручна, озганизациона, административна и друга) на Управувачкиот комитет и Групата за процена.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 561 нов случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 186.010 – Оздравени се 507 пациенти – Пријавени се 29 починати лица.

Денес се регистрирани 561 нов случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 186.010 – Оздравени се 507 пациенти – Пријавени се 29 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случајна КОВИД-19: Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23,...

Во средата и во текот на вчерашниот ден, аплицирани се вкупно 22.581 вакцини

Во средата и во текот на вчерашниот ден, аплицирани се вкупно 22.581 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и...

Денес се регистрирани 557 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 185.450 – Оздравени се 572 пациенти – Пријавени се 28 починати лица

Денес се регистрирани 557 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 185.450 – Оздравени се 572 пациенти – Пријавени се 28 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 268, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19,...