fbpx

Информации за Кризната состојба

Објавено на: 26.11.2020 | 12:11
blank

Основни информации

Владата на Република Северна Македонија на 23-та седница одржана на 20.11.2020 година, донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Прочитајте повеќе за одлуката за постоење на кризна состојба, донесена на 23-та седница на Владата, тука.


Зошто и како се прогласува кризната состојба?

Кризна состојба се прогласува заради справување со кризна состојба која претставува ризик по добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на нејзин дел.
Владата, донесува одлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба.

Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон.

По предлог на Владата, за учество на дел од Армијата во справувањето со кризна состојба одлучува претседателот. Силите за заштита и спасување формирани во согласност со Законот за заштита и спасување во кризна состојба учествуваат во отстранување на последиците од истата.

Прогласувањето на кризна состојба е предвидено со Законот за управување со кризи, кој е понизок правен акт од Уставот. Нашиот Устав познава прогласување вонредна и воена состојба, но не и кризна.

Во согласност со Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Доколку постои потреба од подолг период, тогаш Собранието мора да го одобри тоа или ако не се продолжи рокот на кризната состојба, тогаш се преминува на прогласување вонредна состојба.


Која е разликата помеѓу кризната состојба и вонредната состојба?

Разликите помеѓу прогласување на кризна и вонредна состојба се следните:

  • При прогласување на кризна состојба, Центарот за управување со кризи е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со законот. При прогласување на вонредна состојба, Владата е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со Уставот и закон.
  • Клучната разлика помеѓу прогласување на вонредна или кризна состојба е во ефикасноста на мерките кои може да се преземат со цел превенција и заштита, како и санација на последиците кои ќе ги предизвика коронавирусот. 

Кои се разликите помеѓу Кризниот штаб и Управувачкиот комитет?

При Центарот за управување со кризи се формира Главен штаб, како оперативно-стручно тело кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни состојби.

Главниот штаб го сочинуваат претставници од учесниците во Управувачкиот комитет. Членови на штабот се и раководителот на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Со Главниот штаб раководи директорот на Центарот.

Управувачкиот комитет е тело на Владата за координација и управување со системот за управување со кризи. Управувачкиот комитет го сочинуваат министрите:

  • за внатрешни работи,
  • здравство,
  • транспорт и врски,
  • одбрана,
  • надворешни работи и
  • раководителот на Групата за процена.

Доколку составот на Управувачкиот комитет не ја одразува соодветната и правична застапеност на заедниците, составот на управувачкиот комитет се дополнува и со други членови на Владата. Во зависност од кризната состојба, по потреба, во работата на Управувачкиот комитет можат да се вклучат и други функционери кои раководат со органите на државната управа.

Во работата на Управувачкиот комитет учествува и еден претставник од Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија од редот на членовите на Комисијата од најголемата политичка партија во опозиција и еден претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.


Какви надлежности има Центарот за управување со кризи?

Центарот за управување со кризи, ги врши работите што се однесуваат на:

    • Oбезбедување континуитет во меѓуресорската и меѓународната соработка, консултации и координација во управувањето со кризи;
    • Изработување и ажурирање на единствена процена на ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката и предлагање мерки и
    • Активности за разрешување на кризна состојба и врши и други работи утврдени со закон.

Центарот е носител на вкупната поддршка (стручна, озганизациона, административна и друга) на Управувачкиот комитет и Групата за процена.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 526 позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.635 – Оздравени се 830 пациенти – пријавени се 28 починати лица

Денес се регистрирани 526 позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.635 – Оздравени се 830 пациенти – пријавени се 28 починати лица

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и...

Денес се регистрирани 491 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.113 – Оздравени се 416 пациенти – пријавени се 16 починати лица

Денес се регистрирани 491 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.113 – Оздравени се 416 пациенти – пријавени се 16 починати лица

Направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и...

Денес се регистрирани 554 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 187.622 – Оздравени се 891 пациенти – пријавени се 17 починати лица

Денес се регистрирани 554 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 187.622 – Оздравени се 891 пациенти – пријавени се 17 починати лица

Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по...