fbpx

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

Објавено на: 11.11.2020 | 11:11

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи:

  • За родители со деца од исто семејство;
  • При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување на деца;
  • При чекање на постојка за превоз на патници;
  • При професионални спортски тренинзи и натпревари;
  • При организирање и одржување на службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;
  • При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;
  • За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;
  • При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата; и
  • За вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување согласно оваа Одлука.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 37-та седница на Владата: Укинато носењето маски во затворени простори

Од 37-та седница на Владата: Укинато носењето маски во затворени простори

Владата на Република Северна Македонија на 37-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ). Според овие препораки, Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во...

Со караванот за вакцинирање против КОВИД-19 приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа

Со караванот за вакцинирање против КОВИД-19 приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа

Заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за Северна Македонија, Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО го посетија селото Неготино во општина...

Караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19 почна од Шуто Оризари, опфатени се 14 локални заедници

Караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19 почна од Шуто Оризари, опфатени се 14 локални заедници

Министерот за здравство Беким Сали, амбасадорката на САД Кејт Брнз, претставници од СЗО и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани ја посетија првата од 14-те локални заедници каде што ќе помине караванот за вакцинација против КОВИД-19 во следните две недели....