fbpx

Брзите тестови во Здравствен дом од денес бесплатни за граѓаните

Објавено на: 03.11.2020 | 11:11
Категории: Соопштенија

Здравствениот Дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо тестирање за КОВИД-19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.

По најновата информација дека е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови кои преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање, Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се користат само тестовите донирани од Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени.

Здравствен Дом Скопје ја поздравува постапката за донирање на брзите тестови која ги опфаќа здравствените институции во целата држава.

Како најголема здравствена институција, Здравствениот Дом Скопје активно продолжува во справување со борбата против вирусот КОВИД-19 со сите ресурси кои се на располагање на институцијата.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:Скопје – 6, Куманово -5, Тетово –...

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. На вакциналните пунктови во државата...

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се лекуваат на...