fbpx

Носењето на заштитни маски станува задолжително за граѓаните

Објавено на: 29.10.2020 | 10:10
Категории: Соопштенија

Носењето на лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измените на Законот за заштита на населението од заразни болест што Собраните вчера вечер ги усвои. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично. Граѓаните ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.

Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Донација на 200.070 Фајзер вакцини од Полска за Северна Македонија

Донација на 200.070 Фајзер вакцини од Полска за Северна Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда и првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска го посети Институтот за трансфузиона медицина, кадешто се складирани 200.070 вакцини од...

69% од новите случаи и 80% од починатите со КОВИД-19 се невакцинирани

69% од новите случаи и 80% од починатите со КОВИД-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 18 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора...

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.666.261 дози вакцини, а ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.666.261 дози вакцини, а ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинирани, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а...