fbpx

Досега обезбедени 142 единици конвалесцентна плазма со која се третирани над 120 пациенти

Објавено на: 19.10.2020 | 09:10
Категории: Featured | Соопштенија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. 

Потсетуваме дека граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост.  

Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. .  


Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.  


Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/

Последна прес-конференција

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за состојбата со ковид кризата. Тој потенцираше дека до 22 ноември глобално се регистрирани над 57.8 милиони случаи и 1.3 милиони смртни случаи од почеток на пандемијата. „Според...

Последна седница

Од 25-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 25-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 984 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 67311, оздравени се 631 пациенти – починати се 24 лица

Денеска се регистрирани 984 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 67311, оздравени се 631 пациенти – починати се 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Охрид-28, Кавадарци-29,...

На инфективните одделенија во земјава се лекува 881 пациент, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекува 881 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола...

Се поставува модуларната болница во Гевгелија, забрзано се работи на проектот во сите општини

Се поставува модуларната болница во Гевгелија, забрзано се работи на проектот во сите општини

Министерството за здравство информира дека денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во Струмица, Куманово, Струга и Кичево. Во сите општини забрзано  се  работи на...