Заштитната маска, дистанцата и хигиената на раце се клучни во борбата со ковид-19

Објавено на: 18.10.2020 | 12:10
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со ковид-19.

Вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Тој очекува измените во законот да се носат по скратена постапка, да се донесат новите мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19.

Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните почнуваат се повеќе да функционираат во затворени простории.

Во моментов, единствениот начин за заштита од вирусот, насекаде во светот не само кај нас, е заштитна маска, потребното физичко растојание и редовна и темелна хигиена на рацете.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник. Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за...

Денеска се регистрирани 870 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 28697, оздравени се 292 пациенти – починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 870 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 28697, оздравени се 292 пациенти – починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9,...

Денеска се регистрирани 628 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 27827, оздравени се 531 пациенти – починати се 15 лица

Денеска се регистрирани 628 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 27827, оздравени се 531 пациенти – починати се 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7,...