Извештај на ИЈЗ за период 10-16 август 2020: Зголемување на бројот на тестирања и оздравени пациенти, намалување на бројот на смртни случаи и процентот на позитивни од тестирани

Објавено на: 19.08.2020 | 09:08
Категории: Известувања

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на ИЈЗ кој се однесува на периодот од 10 до 16 август направени се вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, 2.062 или 17.8% повеќе споредено со претходната недела.

Од направените 11.605 тестирања, регистрирани сe 902 нови позитивни случаи, а во наведениот период процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.8% што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4% и 8.6%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=251; 27,8%) и Куманово (n=125; 13,6%). Во 18 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=163; 18,1%) и 50-59 (n=162; 18,0%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,9%) и 10-19 години (n=49; 5,4%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имале контакт со потврден случај, а 27 лица се со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 лица повеќе споредено со претходната недела.

Регистрирани се 17 смртни случаи од 9 градови, што е намалување од 32,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (n=9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден случај починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 10-16.08.2020, како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk.

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со...

Денеска се регистрирани 160 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12515, оздравени се 368 пациенти – починати сe 3 лица

Денеска се регистрирани 160 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12515, оздравени се 368 пациенти – починати сe 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4,...

Реализирани 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата со Ковид 19

Реализирани 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка за време на пандемијата со Ковид 19

ЈЗУ Клиниката за психијатрија известува дека се реализирани околу 4000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19 започнувајќи од март месец 2020 година. Првата телефонска линија за психолошка поддршка која беше...