fbpx

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Објавено на: 14.08.2020 | 18:08

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со новозаболените придонесува за намалување на бројот на активни случаи во континуитет во последниот период.

Истовремено, денес се регистрира и рекорден број на направени тестови на дневно ниво – 2172, со што вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Министерството за здравство информира дека со зголемување на капациетети за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека мерките за заштита од ковид-19 даваат резултати секаде каде што се почитуваат. Граѓаните се повеќе се придржуваат до препораките на здравствените власти за спречување на ширење на коронавирусот, а пристапот на широко тестирање дава резултати во откривањето на асимптоматските случаи.

Уште еднаш апелираме до граѓаните, без исклучок да продолжат да се придржуваат до трите правила – носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете. Само заеднички можеме да се избориме со ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Последна прес-конференција

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

Заев – Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

„Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет мерки и препораки, за период од 18 декември до 20 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на...

Последна седница

Од 36-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 63 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 88992, оздравени се 176 пациенти – починати се 13 лицa

Денеска се регистрирани 63 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 88992, оздравени се 176 пациенти – починати се 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1,...

Денеска се регистрирани 190 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 88938, оздравени се 2009 пациенти – починати се 6 лицa

Денеска се регистрирани 190 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 88938, оздравени се 2009 пациенти – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6, Прилеп-12, Гостивар-3, Штип-6, Битола-1, Велес-6, Охрид-5, Струмица-6, Кавадарци-8,...

Денеска се регистрирани 361 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 88749, оздравени се 2116 пациенти – починати се 14 лицa

Денеска се регистрирани 361 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 88749, оздравени се 2116 пациенти – починати се 14 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8,...