fbpx

Филипче: Комисијата за заразни болести предлага наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија, утре ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките

Објавено на: 11.08.2020 | 18:08

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денес изјави дека на состанокот на Комисијата за заразни болести беа разгледани протоколите за работа на училиштата, а за утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките.

„Став на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата. Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во оваа ситуација, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, што може да нѐ чека, не само ние, ниту една земја во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво огрраничување во затворена просторија. Овој став јас го презентирав на денешната седница на Владата, сѐ уште трае дискусијата и со дефинитивен став и заклучок, имајќи ги предвид сите аспекти од Министерството за образование и наука верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена“, потенцираше Филипче.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 8 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.624 – Оздравени се 72 пациенти – нема починати лица

Денеска се регистрирани 8 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.624 – Оздравени се 72 пациенти – нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје - 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1. Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по...

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.616 – Оздравени се 68 пациенти – 1 починато лице

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.616 – Оздравени се 68 пациенти – 1 починато лице

Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1. Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево...

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.593 – Оздравени се 18 пациенти – нема починати лица

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.593 – Оздравени се 18 пациенти – нема починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид –...