Филипче: Се намалува бројот на случаи со ковид-19, мерките мора да се почитуваат, мора да има санкција каде има прекршување

Објавено на: 07.08.2020 | 11:08
Категории: Featured | Министерства

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави се намалува бројот на нови случаи кога се гледаат неделните анализи и дека има сериозно зголемување на бројот на тестови со што се откриени и голем број асимптоматски случаи што придонесува во намалувањето на ширењето на вирусот. Тој истакна дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола на што укажуваат податоците за сериозно намалување на бројот на новозаболени во однос на претходниот период и на помалиот број случаи на хоспитализирани.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува. А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Увидот на епидемиолошките прашалници ни укажува дека точно знаеме секој пациент од каде е заразен, се прави анализа, се бараат контактите. Благодарение на стратегијата на широко тестирање и стратегијата на тестирањето на контактите коишто немаат симптоми, а епидемиологот ќе утврди дека се од висок ризик – ние успеваме да откриеме голем процент – близу 30, на пациенти кои се асимптоматски. На овој начин се спречува понатамошната трансмисија на вирусот кај човекот кој не е свесен дека е носител на вирусот, поради тоа што нема никакви симптоми“, потенцираше министерот Филипче.

Во емисијата, министерот Филипче посочи дека почетокот на вториот бран главно се должеше на непочитување на превентивните мерките.

„Кај нас никогаш целосно мерките не се попуштија. Ние и сега немаме целосно попуштање на ниту една мерка којашто се однесува на било кој економски оператор, угостителски објект, хотел итн. Ние сме една од ретките земји која има протокол за апсолутно се. Имаме протокол за работа на угостителски објекти, разни спортски настани, тренинзи, имаме забрана за одржување на натпревари со публика. Вирусот е тука. Нема туку така да го снема. На почетокот кога се воведуваа рестриктивни мерки во движењето тоа беа мерките кои дефинитивно влијаеја да падне трансмисијата, останува големо прашање дали дури и рестирикцијата на движењето во некој период понатаму кога вирусот е проширен во населението – не само кај нас, туку во било која земја може да даде такви добри резултати како што даде претходно. “, рече министерот Филипче и додаде дека се надева дека нема да дојде до ситуација да има потреба од рестрикција на движење.

Во однос на настаните во кои не се почитуваат протоколите за работа, тој кажа дека мерките и протоколите мора да се спроведуваат, а надлежните институции мора да контролираат и го санкционираат секое непочитување.

„Има протоколи за било каква организација на настани, но институциите коишто тоа треба да го контролираат, а според тоа мене во изминатиот период имаше сериозни потфрлања не ги контролираа луѓето ниту на јавните места, јавните собири, или на местата каде се организираа одредени настани. Тука се прекршуваа тие протоколи и се докажа дека се ризик. Апсолутно сметам дека тие институции мора многу подобро, поажурно да ја вршат работата. Мора да има санкција каде има прекршување на овие правила. Треба поинтензивно да се работи на терен. Тоа е сериозно загрозување на јавното здравје. МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно и на терен, поинтензивно да врши контрола. Граѓаните да станат свесни дека има институција која се грижи за спроведувањето на протоколите. Не може ние, секојдневно се соочуваме со прашања како Министерство за здравство зошто протоколите не се почитуваат. Ние сме донеле протоколи за апсолутно сите економски оператори, сите компании, сите бизниси коишто тоа од нас го побарале. Меѓутоа, не сме институција која може да се грижи дали тоа се спроведува. Мора граѓаните да се свесни. Мерките мора да се почитуваат. Тоа е еден сериозен механизам да се заштити здравјето“, истакна Филипче.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Северна Македонија. Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од...

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Министерството за здравство информира дека согласно епидемиолошката состојба со вирусот КОВИД-19 во државата, веќе може да се закажуваат регледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со...