Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

Објавено на: 03.08.2020 | 11:08
Категории: Министерства

Ковид-19 е акутна респираторна болест предизвикана од SARS CoV-2 вирусот што предизвикува поголема смртност кај лица на возраст од над 60 години и кај лица со основни медицински состојби како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. Објектите за долготрајна нега, како што се геријатриските болници, хосписите за палијативна нега, старечки домови и рехабилитациони центри, се објекти што се грижат за луѓето кои страдаат од понапредната возраст со бројни коморбидитети и затоа заштитата од ширење и пренесување на ковид-19 е исклучително важна.

„Лицата кои се лекуваат и престојуваат во установи за долготрајна нега се ранливи популации кои се изложени на поголем ризик за неповолен исход и за инфекција поради престој во близина на други лица. Затоа овие установи мора да преземат посебни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите корисници на услуги и вработените. Особено е важно спречување на инфекција и контролните активности може да влијаат на менталното здравје и благосостојба на корисниците на услуги и вработените, особено употребата на лична заштитна опрема и ограничувањето, односно забраната на посетителите и групните активности.“ – посочуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Во моментот во установата има полн болнички стационар од вкупно 300 легла, а исполнети се вкупно 269 болнички кревети. Се спроведуваат строги протоколи и засилени заштитни мерки за безбедност како на корисниците на услуги, така и на болничкиот персонал. По кусиот прекин, веќе од 1 јуни установата започна повторно со прием на пациенти со посебна процедура која опфаќа тријажа на корисниците на услуги со цел да се заштитат останатите штитеници од влез на вирус од надвор.

Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје изработи и ги спроведува упатствата кои овозможуваат безбедна долготрајна нега на корисниците на услуги  во координација со Министерството за здравство и тоа како во однос на превенцијата преку едукација на корисниците на услуги и персоналот, задолжително користење на лична заштитна опрема и зачестена лична хигиена и дезинферкција, така и во однос на физичката поставеност и сместување на пациентите и начинот на извршување на групните активности, контрола и засилен надзор за рана детекција на евентуален случај на Ковид-19 заболен, како и во однос на грижата за Ковид-19 пациент и превенција на понатамошна трансмисија. Со доследно спроведување на сите мерки за заштита од ширење на вирусот, институцијата е безбедна. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 вкупно регистирани заболени во установата биле 5 вработени и 4 корисниците на услуги, а доследното почитување на мерките спречи ширење на вирусот во рамки на установата.

Со оглед што вирусот Ковид-19 е опасен за постарите лица кои вообичаено имаат и други коморбидитети, од здравствената установа апелираат за целосно почитување на мерките за заштита – носење на маска, одржување на дистанца и зачестена хигиена на раце, како од страна на повозрасните граѓани, така и од страна на помладите за да се заштитат нивните најблиски кои се најранливи.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Северна Македонија. Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од...

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Министерството за здравство информира дека согласно епидемиолошката состојба со вирусот КОВИД-19 во државата, веќе може да се закажуваат регледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со...