Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи за работата на плажите и базените

Објавено на: 01.08.2020 | 13:08
Категории: Министерства

Во пресрет на продожениот викенд и со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со КОВИД-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените.
Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетители за носење лична заштитна опрема на лицето, што го покрива делот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 до 2 метра, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.
Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки: носење лична заштита на лицето, држење физичка дистанца од два метра, често миење на рацете со вода и сапун, или со средство за дезинфекција, се предвидува и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите и точното и видливо информирање на посетителите со информативно-едукативен материјал, во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, и гласовно информирање за придржување кон препораките.
На плажите е задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.
Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица, кои ќе го контролираат бројот на посетители  и спроведувањето на мерките. На плажите не се препорачува користење гардероби на плажа.
Воедно, протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19 ги уредува и санитарно-хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.
Во однос на работата и функционирањето на базените, во протоколот за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, утврдено е пред билетарите задолжително да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 до 2 метра.
Исто така, меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 метра или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.
Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба.
Се препорачува зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто). При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Состојбата е стабилна, се подготвуваат дополнителни инфективни одделенија во сите општи и клинички болници за есен

Филипче: Состојбата е стабилна, се подготвуваат дополнителни инфективни одделенија во сите општи и клинички болници за есен

Во изјава за телевизија Телма, министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче ја оцени ситуацијата во Ковид-19 стабилна во однос на тоа што повеќе време наназад, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, a со широкиот пристап на тестирање се...

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби: Физикална терапија кај пациентите со Ковид-19 за подобрување на психо-физичкото здравје и функцијата на респираторниот систем

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби: Физикална терапија кај пациентите со Ковид-19 за подобрување на психо-физичкото здравје и функцијата на респираторниот систем

Третманот на пациенти болни од Ковид-19 бара мултидисциплинарен и сеопфатен пристап од првата средба со здравствениот работник, па се до неговото заминување. Од Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби информираат дека секој пациент добива третман соодветен...

МЗ: 40% повеќе оздравени лица за една недела

МЗ: 40% повеќе оздравени лица за една недела

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со...