fbpx

Филипче: Состојбата е стабилна, се подготвуваат дополнителни инфективни одделенија во сите општи и клинички болници за есен

Објавено на: 29.07.2020 | 18:07
Категории: Министерства

Во изјава за телевизија Телма, министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче ја оцени ситуацијата во Ковид-19 стабилна во однос на тоа што повеќе време наназад, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, a со широкиот пристап на тестирање се откриваат и голем број на асимптоматски носители на вирусот. Тој истакна дека кадарот е добро организиран со системот на ротација лекари и медицински сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија, а болниците имаат сосема доволно капацитети со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти. Филипче најави дека наскоро ГОБ „8 Септември“ ќе почне со редовно работење.

„Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија којашто треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација и на тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците – има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети и на самата клиника, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата. Добро се менаџира и со бројот на пациенти во инфективните одделенија низ државата, во клиничките и општите болници, секојдневно имаме утринска координација со директорите, во таа смисла сметам дека ситуацијата е апсолутно стабилна и под контрола.“ – изјави Филипче.

Филипче се осврна на болничките капацитети кои се подготвуваат за есенскиот бран, како во однос на болничките капацитети кои биле ослободени за Ковид пациенти во ГОБ „8 Септември“, така и за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници во земјава со модуларни болници, а истакна дека е направен и план за работа на анестезиолозите.

„Вкупниот број кревети, кои би требало да бидат наменети за оваа патологија во ГОБ „8 Септември“ би требало да биде некаде околу 75, меѓутоа тоа што е најбитно е физички да се ослободат спратовите каде треба да се сместат пациентите со друга патологија, за што веќе има план. Исто така, има план за работа и помош од лекарите анестезиолози, кои се најбитни во тој процес за повторно воспоставување на оперативниот програм. Меѓутоа, во очекување на есенските месеци, кога очекуваме да има и поголем број пациенти заболени од ковид, но и пациенти заболени од сезонски грип, ние го разработуваме планот за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници во државата, со цел да се направат мини инфективни одделенија, по примерот на модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје за целосно да се одделат болниците од овие одделенија и болниците да останат да ги третираат пациентите од вообичаена патологија. Овие инфективни одделенија ќе ги третираат пациентите заболени од ковид, физички се одделени, затоа што тоа се сепак пациенти на кои им се потребни и посебни услови.“ – истакна Филипче.

Тој информира дека за овој проект кој во текот на следната недела ќе го предложат пред јавноста, се разговара за можноста да биде финансиран од кредитот од Светска банка.

„Во текот на утрешниот ден имаме работен состанок на којшто ќе ги образложиме пред експертите на Светска банка сите аспекти на овој проект, при што тоа подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата во смисла на болнички кревети, како и на лабораториите, во смисла на тоа секоја болница има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати кои ќе бидат готови за 45 минути, и секако планот за распределување на младите лекари, кои се сега лиценцирани пред неколку недели. Голем број од младите колеги, кои завршија и добија лиценци за работа покажаа интерес да работат со овие пациенти. Така што сметам дека ова е еден модел којшто ќе даде одлични резултати, и тоа што со надрадување на сите овие капацитети што ги спомнав и физичкото одделување на пациентите заболени од ковид, ниту една друга вообичаена работа нема да биде компромитирана, ниту ќе се создаваат листи на чекање. “ – вели во изјавата за Телма, министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за состојбата со ковид кризата. Тој потенцираше дека до 22 ноември глобално се регистрирани над 57.8 милиони случаи и 1.3 милиони смртни случаи од почеток на пандемијата. „Според...

Последна седница

Од 25-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 25-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ земјава

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Северна Македонија. Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од...

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Преку МојТермин, јавните здравствени установи почнаа со креирање термини за прегледи и интервенции во септември

Министерството за здравство информира дека согласно епидемиолошката состојба со вирусот КОВИД-19 во државата, веќе може да се закажуваат регледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000, пристапот на широко тестирање дава резултати, граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година. Поголемиот број на оздравени лица во споредба со...