Министерството за здравство информира дека е хакирана и, во моментов, не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.
Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме.
Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: przdravstvo2020@gmail.com.
Ве молиме сите прашања испраќајте ги на споменатата адреса. Како и досега, истите ќе бидат одговорени во најбрз можен рок.