Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа – строгиот протокол за изборите и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност

Објавено на: 07.07.2020 | 15:07

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија, брза дијагностика, отворен нов контролен и координативен Центар

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија, брза дијагностика, отворен нов контролен и координативен Центар

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени...

Филипче: Се намалува бројот на случаи со ковид-19, мерките мора да се почитуваат, мора да има санкција каде има прекршување

Филипче: Се намалува бројот на случаи со ковид-19, мерките мора да се почитуваат, мора да има санкција каде има прекршување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави се намалува бројот на нови случаи кога се гледаат неделните анализи и дека има сериозно зголемување на бројот на тестови со што се...

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавноздравствени вонредни ситуации во Северна Македонија

Се отвора Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавноздравствени вонредни ситуации во Северна Македонија

Пандемијата на КОВИД-19 ја реафирмираше итната потреба од брзи, делотворни и стратешки информации за епидемиите и здравјето, како и потребата од колаборативни механизми што ќе можат да им помогнат на субјектите што работат во полето на јавното здравје во Северна...