Филипче: Медицински тимови ќе помагаат во гласањето во домашни услови за лицата во изолација и на домашно лекување

Објавено на: 07.07.2020 | 15:07

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се осврна и во однос на подготовката од страна на Министерството за здравство за безбедно одвивање на  изборниот процес со предвремените парламентарни избори и информираше и дека медицинските тимови, односно здравствените работници ќе помагаат во гласањето во домашни услови за лицата во изолација и на домашно лекување.

„Според евиденцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат околу 5 000 лица се во изолација и на домашно лекување. Како што ме информираа од Државната изборна комисија, тие треба да се пријават на веб страницата на Државната изборна комисија доколку сакаат да гласаат. Од Министерството за здравство доставивме списоци на здравствени работници. Од страна на Државната изборна комисија  ќе бидат распределени – по тројца во општина, за да го спроведат ова гласање заедно со одборите “, потенцираше министерот Филипче.

Тој информираше дека од Државната изборна комисија планираат симулација на процесот на денот на гласање, во среда или во четврток со членови на избирачки одбори, со претставници на набљудувачи од партиите, како би изгледал процесот со сите заштитни средства, согласно протоколот кој што го даде Комисијата за заразни болести, а на која симулација ќе бидат присутни и членови на Комисијата.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 166 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11054, оздравени се 185 пациенти – починати се 4 лица

Денеска се регистрирани 166 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11054, оздравени се 185 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1,...

Денеска се регистрирани 138 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 10891, оздравени се 144 пациенти – починати се 7 лица

Денеска се регистрирани 138 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 10891, оздравени се 144 пациенти – починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива...

Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи за работата на плажите и базените

Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи за работата на плажите и базените

Во пресрет на продожениот викенд и со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на...