Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – целосно е завршена инсталацијата за кислород во монтажната болница, ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Објавено на: 07.07.2020 | 15:07
Категории: Министерства

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на ковид наесен во однос на болнички капацитети и преку организирање на системот на ротации на кадарот. Тој информираше дека целосно е завршена инсталацијата за централен довод на кислород во монтажната модуларна болница која има капацитет од 72 болнички легла и во која се планира да работи тим од Институтот за туберкулоза, како и дека завршена е постапката за нова модуларна амбуланта која ќе биде во близина на Клиниката за пулмологија и ќе служи за тријажа на пациенти.

„Монтажната болница, сега е подготвена да прими пациенти. Нема потреба да се носат боци со кислород. Заврши и постапката за ист таков тип модуларна амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија со цел за да се направи уште еден центар за грижа на пациенти за следниот период, во близина на клиника кај што има експертиза во однос на белодробни заболувања. Поставувањето на новата монтажна амбуланта ќе биде со цел оние пациенти кои имаат било каква белодробна симптоматологија целосно се одделат од сите други пациенти, па дури и во амбуланскиот дел да се направи тријажа на пациентите. Со ова, ќе се растерети амбулантата којашто сега ја користат повеќе интернистички клиники, а каде што влегуваат и пациенти со белодробни заболувања. Ова е важно за наредниот период, а доаѓаат есенски месеци, во кои што бројот на пациенти со белодробни заболувања значајно се зголемува, “, рече министерот Филипче и додаде дека со воа ќе имаме два центри во рамките на Клиничкиот центар, едниот блиску до Клиниката за пулмологија и модуларната болница до инфективната клиника.

Според сите анализи и предвидувања, тој потенцираше дека останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно се шири и нема да може луѓето да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории.

„Работиме на подготовка на капацитетите на есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на повеќе болници во изминатите денови, во Штип, во Охрид, во Битола. Разговараме и ги разгледуваме евентуално дополнителните капацитети кои би можеле да се користат како болнички. Има неколку студентски домови во Охрид и во Битола во кои може да се сместуваат пациенти, но тоа е прашање кое треба да се договори и со Министерството за образование и наука и зависи од тоа како тие капацитети ќе бидат исполнети со студенти. Во следниот период ќе имаме апсолутно целосно спремен план, дополнителни кревети кои би се користеле за капацитетите доколку се наметне потреба во есенските месеци, секако заедно со план за ротација на медицински персонал.“, рече министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија, брза дијагностика, отворен нов контролен и координативен Центар

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија, брза дијагностика, отворен нов контролен и координативен Центар

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени...

Филипче: Се намалува бројот на случаи со ковид-19, мерките мора да се почитуваат, мора да има санкција каде има прекршување

Филипче: Се намалува бројот на случаи со ковид-19, мерките мора да се почитуваат, мора да има санкција каде има прекршување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави се намалува бројот на нови случаи кога се гледаат неделните анализи и дека има сериозно зголемување на бројот на тестови со што се...

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

Ковид-19 е акутна респираторна болест предизвикана од SARS CoV-2 вирусот што предизвикува поголема смртност кај лица на возраст од над 60 години и кај лица со основни медицински состојби како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес...