Филипче: Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, но при влошување на симптомите пациентите треба веднаш да се упатат на болничко лекување

Објавено на: 30.06.2020 | 10:06
Категории: Известувања

При вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, на новинарско прашање околу домашното лекување, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека и лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, тоа секако треба да биде под контрола на матичен лекар, но при влошување на состојбата треба навреме и веднаш пациентите да се упатат на болничко лекување.

„Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови под контрола на матични лекари. Но, многу е битно да знаат граѓаните дека и при најмало влошување на состојбата, по препорака на матичен лекар, пациентите треба да се јават во болница. Има болнички капацитети.“ – изјави Фипилче.

Филипче истакна дека огромен дел од смртноста кај заболените пациенти е заради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од смртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница. Заради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување.

„Има многу такви случаи во коишто има влошување на состојбата во домашни услови, има влошување на состојбата и додека се пациентите во болница. Мора да знаат сите дека и најмало влошување треба да се земе крајно сериозно, треба да е сигнал за да се хоспитализира пациентот. “ – изјави Филипче.

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 120 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6454, оздравени се 123 пациенти – починати се 4 лица

Денеска се регистрирани 120 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6454, оздравени се 123 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1,...

Од денеска се отвораат аеродромите, протоколот од Комисијата за заразни болести е направен по сите светски стандарди

Од денеска се отвораат аеродромите, протоколот од Комисијата за заразни болести е направен по сите светски стандарди

Министерството за здравство информира дека согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се отвораат аеродромите во Скопје и во Охрид. Протоколот донесен од комисијата е направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само...

Денеска се регистрирани 132 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6209, оздравени се 112 пациенти – починати се 12 лица

Денеска се регистрирани 132 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6209, оздравени се 112 пациенти – починати се 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6,...