Денеска се регистрирани 150 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 5906, оздравени се 30 пациенти – починати се 9 лица

Објавено на: 27.06.2020 | 14:06
Категории: Известувања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 2893, активни 1931
•       Куманово 732, активни 276
•       Дебар 89, активни 37
•       Штип 306, активни 181
•       Прилеп 246, активни 23
•       Тетово 640, активни 374
•       Струга 196, активни 114
•       Велес 173, активни 30
•       Битола 46, активни 15
•       Охрид 149, активни 125
•       Кавадарци 14, активни 8
•       Гостивар 104, активни 63
•       Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 14, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 67, активни 30
•       Пробиштип 14, активни 9
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 24, активни 22
•       Кичево 24, активни 20
•       Ресен 94, активни 90
•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1086 теста се преку: ИЈЗ –527, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –95, Биотек –125, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Судска медицина-4,  Систина  со PCR метода -134 и ЦЈЗ Битола-30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 421
•       Аеродром – 147
•       Бутел – 137
•       Гази Баба – 151
•       Центар – 127
•       Карпош – 128
•       Сарај – 139
•       Кисела Вода – 109
•       Ѓорче Петров – 86
•       Студеничани – 95
•       Шуто Оризари – 73
•       Арачиново – 54
•       Илинден – 30
•       Петровец – 18
•       Чучер Сандево – 16
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 3
•       Нераспределен-90

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Болнички капацитети има доволно – правиме проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци кога е можно да се соочиме и со друга патологија од сезонскиот грип

Филипче: Болнички капацитети има доволно – правиме проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци кога е можно да се соочиме и со друга патологија од сезонскиот грип

Министерот за здравство доц.д-р. Венко Филипче по денешната средба со здруженијата на лица со ретки болести, одговарајќи на новинарско прашање поврзани корона вирусот, изјави дека болниците имаат доволен капацитет на болнички кревети, а веќе се прават проекции и за...

Денеска се регистрирани 120 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6454, оздравени се 123 пациенти – починати се 4 лица

Денеска се регистрирани 120 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 6454, оздравени се 123 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1,...

Од денеска се отвораат аеродромите, протоколот од Комисијата за заразни болести е направен по сите светски стандарди

Од денеска се отвораат аеродромите, протоколот од Комисијата за заразни болести е направен по сите светски стандарди

Министерството за здравство информира дека согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се отвораат аеродромите во Скопје и во Охрид. Протоколот донесен од комисијата е направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само...