Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат

Објавено на: 25.06.2020 | 22:06
Категории: Известувања

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат.

Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во „Слободен печат“ во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 85 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11839, оздравени се 42 пациенти – починати се 4 лица

Денеска се регистрирани 85 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11839, оздравени се 42 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1,...

Денеска се регистрирани 200 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11754, оздравени се 15 пациенти – починати се 4 лица

Денеска се регистрирани 200 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11754, оздравени се 15 пациенти – починати се 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7,...

Денеска се регистрирани 155 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11554, оздравени се 127 пациенти – починати се 2 лица

Денеска се регистрирани 155 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11554, оздравени се 127 пациенти – починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22,...