Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Објавено на: 26.06.2020 | 10:06

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање рецепти е почнат уште пред кризата со КОВИД-19 вирусот, а со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се на пациентите со хронична болест и кај матичниот лекар и во аптеките.

„Ова се покажа дека е еден одличен модел и проект, и токму кризата го докажа тоа, заради тоа што тие категории граѓани и пациенти коишто најмногу сакаме да ги заштитиме во оваа ситуација- пациентите со хронични болести, сега го избегнуваат непотребното одење во лекарските амбуланти. Со оваа алатка се модернизираше процесот на препишување и издавање лекови, без хартија, односно преку електронски рецепт и тоа е нешто што ја олеснува целокупната постапка за издавање на рецептите за пациентите, а од што придобивка имаат не само пациентите, туку и матичните лекари и аптеките, фармацевтите, и секако Фондот за здравствено осигурување“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека пациентите добиваат ефикасен пристап до лекови. Матичните лекари веќе не се преоптоварени со дополнителна работа, а тоа е пополнување на хартиениот рецепт, туку софтверскиот рецепт е директно достапен во аптеките, а во исто време Фондот за здравствено осигурување има информација за тоа кој матичен лекар, за кој пациент какви лекови препишува.

„Системот досега се покажа како успешен, од први мај досега преку овој систем се креирани над три милиони рецепти за хронична, акутна терапија. Воведувањето на електронскиот начин на издавање рецепти е практично надополнување на активностите за целосна достапност до терапиите и лековите за пациентите и граѓаните, која почна минатата година во октомври кога целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум државата. Со тоа обезбедивме лекови за сите пациенти, за сите наши граѓани кои имаат потреба од тоа да имаат лек во кој било ден од месецот, се избегнаа гужвите, редиците, се избегна паниката. Таа веќе не постои кај граѓаните и со тоа постигнавме една од нашите цели, преку вистински здравствени политики да го зајакнеме овој сегмент од јавноздравствениот систем“, информираше министерот Филипче.

На прес-конференцијата, тој изјави дека сите мерки и проекти кои се реализираат за подобрување на животот и здравјето на пациентите, но и модернизација, односно дигитализација во здравството имаат за цел подобрени, современи здравствени услуги за граѓаните, унапредување на условите и оптимизирање на работата на здравствените работници.

Последна прес-конференција

Министерот Поповски: Со алатката за Фискална транспарентност пред јавноста ги отвораме сите донации наменети за КОВИД-19, градиме отворени и транспарентни институции и ставаме крај на лажните вести

Министерот Поповски: Со алатката за Фискална транспарентност пред јавноста ги отвораме сите донации наменети за КОВИД-19, градиме отворени и транспарентни институции и ставаме крај на лажните вести

https://youtu.be/yuU78fK3lOA Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска ја промовираше алатката Фискална транспарентност, со која се надгради веб-страницата https://koronavirus.gov.mk/. Станува збор за алатка...

Последна седница

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Филипче: Да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме лекување на сите пациенти

Филипче: Да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме лекување на сите пациенти

https://youtu.be/UiSL_h2BQjA Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека во изминатите два-три дена интензивно се работи на организација и планирање на капацитетите, со цел да се одговори на напливот на пациенти со...

Филипче: 14 проценти од активните случаи се хоспитализирани, 86 проценти се асимптоматски или пациенти со лесна клиничка слика, 76 проценти од досега починатите, се пациенти со повеќе хронични заболувања

Филипче: 14 проценти од активните случаи се хоспитализирани, 86 проценти се асимптоматски или пациенти со лесна клиничка слика, 76 проценти од досега починатите, се пациенти со повеќе хронични заболувања

https://youtu.be/6mPhYajCI0Q Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека согласно податоците од историјата на болеста, огромен процент од починатите пациенти од КОВИД-19 се пациенти, коишто имале претходни хронични...

Филипче: Апелирам пациентите да кажуваат точни податоци, препораките да се имплементираат без исклучок

Филипче: Апелирам пациентите да кажуваат точни податоци, препораките да се имплементираат без исклучок

https://youtu.be/FjBx8YG9WC0 Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека во однос на кластерите, активните случаи и заразени со КОВИД-19 во огромен процент, помеѓу 65 и 70 проценти се во рамките на познатите кластери,...