Министерот Поповски: Со алатката за Фискална транспарентност пред јавноста ги отвораме сите донации наменети за КОВИД-19, градиме отворени и транспарентни институции и ставаме крај на лажните вести

Објавено на: 23.06.2020 | 10:06

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска ја промовираше алатката Фискална транспарентност, со која се надгради веб-страницата https://koronavirus.gov.mk/. Станува збор за алатка преку која јавноста ќе ги има на увид сите информации за средствата кои се слеваат и трошат од Буџетот на РСМ, како и евиденција на сите нефинансиски донации добиени како помош, а се наменети за справување со кризата КОВИД-19.

„На веб-страницата ќе бидат објавувани, јавни набавки направени од страна на институциите на централно ниво кои се однесуваат на справување со кризата КОВИД-19, податоци за нефинансиски донации на сите институции, податоци за финансиски донации направени на наменските донациски сметки на Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство кои автоматски се објавуваат на дневна основа, и податоци за сите исплати од Буџетот на Република Северна Македонија коишто се направени во рамките на буџетската програма „П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата“, изјави Поповски.

За потребите на оваа алатка направена е и надградба на Електронскиот систем за јавни набавки, за сите веќе реализирани јавни набавки и за сите набавки во иднина, како и надградба на порталот Отворени финансии со делот КОВИД-19. Исто така, Владата ги задолжи министерствата и органите во состав на министерствата, како и самостојните органи на државната управа кои примиле нефинансиски донации, во рок од пет работни дена истите да ги внесат преку административниот панел што е овозможен во рамките на надградбата на веб-страницата и во иднина истите ќе треба да продолжат да ги внесуваат на оваа веб-страница.

„Со поврзување на базите на институциите со Електронскиот систем за јавни набавки, ние на едно место и овозможуваме на јавноста да се информира за сите трошења поврзани со кризата КОВИД-19. Затоа ги поканувам институциите да ги користат овие алатки и да покажат проактивност во својата транспарентност, бидејќи транспарентноста на долг рок е најдобра алатка за превенција на злоупотреби во користење на средствата од буџетот на државата“, појасни Поповски.

Коронавирусот го смени начинот на живот, и донесе не само здравствена туку и економска криза. Во такви услови кога земјите бараат помош, финансиска, преку Јавни набавки и донации, Владата ги исполнува заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност и тоа не само за функционерите туку и за институциите. Во таа насока преку оваа алатка Владата им овозможува на граѓаните да имаат целосен увид во податоците за набавените и потрошени средства наменети за ковид кризата.

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Филипче: Болнички капацитети има, системот може да го одржиме – граѓаните треба да помогнат со почитување на мерките

Филипче: Болнички капацитети има, системот може да го одржиме – граѓаните треба да помогнат со почитување на мерките

https://youtu.be/VTtHqssf-P8 Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека до утрово бројот на хоспитализирани пациенти изнесува 379 или 13% од вкупниот број активни случаи - 87% од активните случаи се на домашно...

Филипче: Да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме лекување на сите пациенти

Филипче: Да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме лекување на сите пациенти

https://youtu.be/UiSL_h2BQjA Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека во изминатите два-три дена интензивно се работи на организација и планирање на капацитетите, со цел да се одговори на напливот на пациенти со...