Филипче: Болнички капацитети има, системот може да го одржиме – граѓаните треба да помогнат со почитување на мерките

Објавено на: 22.06.2020 | 13:06

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека до утрово бројот на хоспитализирани пациенти изнесува 379 или 13% од вкупниот број активни случаи – 87% од активните случаи се на домашно лекување или асимптоматски.

Во однос на состојбата на клиниките и болниците, на Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 13 пациенти, вкупно се хоспитализирани 106, од кои на кислородна поддршка се 49 лица.

Во модуларната болница до клиниката хоспитализирани се 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент. До утрово во болницата „8-ми Септември“ – се хоспитализирани 12 нови пациенти, вкупно хоспитализирани 132 пациенти, од кои шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола хоспитализирани се 33 пациенти, во Штип 20, и на останатите инфективни одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, и Гостивар 76 пациенти.

„И покрај тоа што има голем број хоспитализирани пациенти, се уште има капацитет за сместување во болниците, и тоа во Битола, во сегашниот оддел пет слободни места со потенцијал да се ослободат уште повеќе спратови во болницата. Слободни места има и во Охрид, Куманово, Гостивар – 9, во Прилеп – 10, Штип – 12 слободни болнички кревети. Во модуларната болница има 60-тина слободни кревети, само еден пациент е сместен во болницата во Козле, којашто во изминатиот период и во овие неколку денови се стави во функција за третман на КОВИД-позитивни пациенти“, истакна Филипче и додаде дека болницата во Козле е доопремена со неопходната опрема којашто е потребна, како и соодветен број на лекари кои доаѓаат од интернистичките клиники, пред сѐ, специјалисти пулмолози кои ќе работат заедно со тамошните експерти. Во болницата ќе бидат сместувани освен деца и возрасни доколку од тоа има потреба.

„Покрај тоа што има доволен болнички капацитет, медицинскиот персонал е навистина преморен. Ние секојдневно правиме реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа и ова засега добро функционира. Системот може да го одржиме, но секако дека не можеме да издржиме без помош од граѓаните и почитување на мерките од нивна страна. Затоа повторно апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, да се помогне пред сѐ на себеси, на своите најблиски и секако на сите вработени во здравствениот сектор“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека од денеска почнува да се организира и во крајна фаза е да профункционира со работа лабораторијата во болницата во Битола. Во оваа лабораторија ќе се анализираат сите брисеви на пациенти кои се хоспитализирани во болницата, но и од регионот, со што ќе се растерети капацитетот во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

Филипче информираше и за последниот извештај на Институтот за јавно здравје во кој се наведува дека од вкупниот број позитивни случаи регистрирани во период од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје – 58.3% и од Тетово – 14.2%, што практично докажува дека овие два града и нивната околина се најголемите жаришта во државата, додека во другите градови се регистрира драстично помал број на случаи.

„Од 12-ти јуни регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, најзастапена е возрасната група над 60 години – 24.2%. Сепак има и помлади лица заболени, од 30 до 39 години – 19.4%, што укажува на тоа дека никој не е поштеден, ниту имун на вирусот. Во однос на статистиката на смртни случаи, регистрирани се 65 смртни случаи во истиот период во десет градови, најголем дел на возраст над 60 години – 83.1%, а 58 од овие случаи, односно 89% се случаи со бројни хронични заболувања“, информираше Филипче.

Министерот соопшти дека денеска преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија е добиен лекот „Авиган“, наменет за земјите погодени од вирусот, во партнерство со УНОПС.

„Добивме „Авиган“ за 100 пациенти. Станува збор за антивирусна терапија, којашто во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата од 2014 година, и се уште не е одобрен да биде специфично лек за КОВИД-19 вирусот, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има добри резултати, не само во Јапонија, туку и во повеќе земји во светот. Сакам да изразам голема благодарност до Амбасадата, лично до амбасадорката на Јапонија што излегоа во пресрет и по интензивна комуникација во изминатите недели, обезбедивме една количина и за нашата земја, со оглед на тоа што Јапонија донираше за повеќе земји во светот. Важно е дека генеричките форми веќе се одобрени во Русија и во Индија, се користат и во други земји во светот. Ова е лек кој што се користи „off-label“, а кој има сличен механизам на дејство како и за другите вируси, очигледно е дека има добри резултати кај пациентите во многу земји во светот. Но истиот се препишува по строга индикација, после бројни анализи пред се на крвта, коишто го детектираат имунитетот на пациентот односно врз основа на анализи коишто се прават во нашите болнички установи“, информираше министерот Филипче.

Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести се разговараше за дополнително попуштање на мерките, пред сѐ на мерките коишто сега значат забрана за работа на повеќе економски оператори. Донесена е одлука да се предложи на Владата да се отворат според строгите протоколи, казината, автомат-клубовите, и апаратите во обложувалниците. Понатаму, да профункционира јавниот превоз во Тетово, и кон крајот на оваа недела и отворање на теретаните и фитнес-центрите, но согласно веќе утврдените протоколи коишто за сите овие претходно наведени оператори Комисијата ги работеше заедно со претставниците на нивните здруженија.

За отворањето на границите и условите под кои тоа ќе функционира, министерот Филипче образложи дека дополнително ќе биде разговарано во текот на денешниот и утрешниот ден, по што јавноста ќе биде информирана.

„Епидемијата е се уште во полн ек, состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите. Ова повторно не води до заклучок дека вирусот е тука, ќе мора да продолжиме да живееме со него и да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, туку и следната. Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик, тоа ќе го правиме и понатаму. Кога се појави првиот случај на заразен, во земјава имаше малку болнички места предвидени за ваков тип пациенти којшто го надополнивме со целокупната активност која ја спроведовме во изминатиот период. Опрема има сосем доволно, здравствените работници се целосно мобилизирани и практично деноноќно и непрекинато работат од првиот ден на кризата. Здравствените работници направија и прават се што можат најдобро да го заштитат населението, не смееме да дозволиме со непочитување на мерките да го деградираме трудот на сите кои деноноќно се во првите борбени линии. Сметам дека е важно сите општествени чинители активно да се вклучат во пренесување на вистинската информација, а тоа е додека вирусот е тука меѓу нас, мерките кои се воведени мора да се почитуваат. Со почитување на мерките, маска, дистанца, дезинфекција, се штитиме самите себеси, и сите околу нас. Соработката со сите лекари и епидемиолози, давањето точни информации, контакти, е клучно за да се лоцираат сите коишто се во опасност, во спротивно може да предизвикаат дополнителна опасност за околината за ширење на вирусот. Уште повеќе економски оператори почнуваат да работат, но условот секако е тие строго да се придржуваат до донесените протоколи и препораки, затоа се изготвени тие препораки, кои досега ги почитуваат најголем дел од компаниите коишто добија дозвола да работат. Апелирам апсолутно до сите целосно да се почитуваат овие протоколи заради тоа што така ќе се заштитат и клиентите и вработените“, изјави министерот Филипче.

Министерот Филипче упати апел до политичките партии и сите актери во изборите.

„Мерките да се почитуваат без исклучок – сите партии да бидат пример со почитување на мерките и да не дозволат кампањата да биде ризик за граѓаните. Од нив се очекува тие да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните. Мерките не се тешки, а се исклучително ефикасни и потврдени од многу земји во светот- да се носи заштитна опрема, да се одржува физичката дистанца, да се одржува лична хигиена и да се почитуваат протоколите за работа на економските оператори“, рече министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Министерот Поповски: Со алатката за Фискална транспарентност пред јавноста ги отвораме сите донации наменети за КОВИД-19, градиме отворени и транспарентни институции и ставаме крај на лажните вести

Министерот Поповски: Со алатката за Фискална транспарентност пред јавноста ги отвораме сите донации наменети за КОВИД-19, градиме отворени и транспарентни институции и ставаме крај на лажните вести

https://youtu.be/yuU78fK3lOA Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска ја промовираше алатката Фискална транспарентност, со која се надгради веб-страницата https://koronavirus.gov.mk/. Станува збор за алатка...

Филипче: Да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме лекување на сите пациенти

Филипче: Да го заштитиме здравствениот систем, да го намалиме притисокот врз здравствените работници и да обезбедиме лекување на сите пациенти

https://youtu.be/UiSL_h2BQjA Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека во изминатите два-три дена интензивно се работи на организација и планирање на капацитетите, со цел да се одговори на напливот на пациенти со...