Стевановиќ: За разлика од претходно, сега имаме пациенти без сериозни симптоми

Објавено на: 10.06.2020 | 10:06
Категории: Известувања

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фербилни состојби д-р Милена Стевановиќ во вчерашното гостување на Топ Тема изјави дека за разлика од претходно, кога во установата доаѓале пациенти во исклучително тешка состојба, сега доаѓаат болни кои се со полесни симптоми. Според неа, ова се должи на апелите кои здравствените власти ги испратија преку медиумите.

„Мислам дека благодарение на апелите пренесени преку вас медиумите многу значајно и сериозно да се следат пациентите, а тоа матичните лекари навистина многу успешно го организираат и го следат во колерација со колегите инфектолози во нашата клиника кои се на телефон редовно. Пациентите редовно се преслушуваат, се следат нивните симптоми и нивното влошување на нивните симптоми. Но, денеска мислам дека стравувањето го чини своето, овие информации мислам дека стигаат се поинтензивно до луѓето, па неретко доаѓаат и пациенти кои имаат далеку полесна симптоматологија и дури и немаат потреба да бидат хоспитализирани. И тоа е добро, затоа што тоа значи дека луѓето почнуваат сериозно да ја сфаќаат работата, иако мислам дека досега тоа требаше да се случи и да бараат помош. Многу е значајно лекарско око да го следи пациентот кој има ковид-19“, потенцираше д-р Стевановиќ.

Во емисијата, д-р Стевановиќ рече дека сите верски лидери во светот многу сериозно ја сфатија улогата на гласноговорниците за нивните верници на луѓето кои им веруваат во она што го зборуваат и додаде дека има впечаток дека во овој дел имаме потфрлено.

„Нашите традиции се специфични, нашите навики се специфични. Традицијата ја прави богата оваа земја и шаренолика. Но навистина денеска, овој момент, овие три месеци требаше да застанеме да ја паузираме оваа традиција на момент за да бидеме одговорни кон себе, кон сопственото здравје и здравјето на нашите најмили. Она што беше наша одговорност е да препорачаме и да кажеме што е најпаметно во даден момент секако вклучувајќи ги и олеснувањата на рестрикциите секако надевајќи се дека тие мора да бидат и понатаму почитувани. Секаде каде што се опуштија повеќе препораките за олабавување на мерките рестриктивни се зголеми извесно бројот, но сметам дека кај нас допринесоа навистина радикално непочитување на мерките кои траат многу подолго време и не донесе во овој сериозен ризик“, истакна д-р Стевановиќ.

Таа додаде дека со или без препораки, но и со високи или ниски рестрикции, ако не се почитуваат препораките и не се санкционираат, резултатот со бројот на заболени ќе биде ист.

Последна прес-конференција

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Филипче: Со е-рецепт и укинувањето на квотите за лекови во аптеките овозможен е брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

https://youtu.be/N2x1-lujM1g Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција одржана со Министерот за информатичко општество и администарција Дамјан Манчевски на тема електронски рецепти истакна дека проектот за електронско издавање...

Последна седница

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 26954 Оздравени се 197 пациенти – починати се 22 лица

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 26954 Оздравени се 197 пациенти – починати се 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18,...

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 26394, оздравени се 182 пациенти – починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 26394, оздравени се 182 пациенти – починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5,...

Денеска се регистрирани 518 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 25991, оздравени се 200 пациенти – починати се 9 лица

Денеска се регистрирани 518 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 25991, оздравени се 200 пациенти – починати се 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-261, Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, Тетово-30, Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10,...