fbpx

ДПИ: Гости, меѓу кои и лидер на партија, во затворен дел во угостителски објект, следуваат кривични пријави за угостителскиот објект

Објавено на: 03.06.2020 | 22:06
Категории: Известувања

Државниот пазарен инспекторат најави кривични пријави за угостителски објект на „Боемска улица“, којшто примал гости во затворен дел меѓу кои и лидер на политичка партија.

Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе две кривични пријави против угостителски објект на „Боемска улица“ во Скопје, каде што се примале гости во затворениот дел од објектот што е строго забрането во услови на пандемија. Едната пријава е за непочитување на протоколот, а другата за спречување на инспекциски надзор. Ова на прес-конференција вечерва го најави раководителка на инспекциски надзор одделение Скопје во Државниот пазарен инспекторат, Мери Проја Продановска.

„Вечерва Државниот пазарен инспекторат во околу 18:15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека објектот е од затворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија во другите угостителски објекти, но сепак се вратија кај истиот угостителски објект со уште една замолница да се отвори објектот за да извршат надзор. По некои два и пол часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа имаше други дејствија, од објектот излегоа луѓе коишто инспекторите не беа во можност да ги легитимираат бидејќи неможеме да легитимираме, но препознаен е политичар, односно претседател на политичка партија“, изјави Проја Продановска.

Инспекторката апелираше на поголема јавна свест кај сите граѓани и почитување на владините мерки.

„ Мојот апел е дека Државниот пазарен инспекторат ги спроведува законите по однос на донесените протоколи во новонастанатата ситуација. Не распознаваме никого, туку сакаме да порачаме и до политичарите, до сите носители на функции, до сите граѓани да ги почитуваме мерките за заштита“, рече Проја Продановска.

Последна прес-конференција

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Филипче: Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за состојбата со ковид кризата. Тој потенцираше дека до 22 ноември глобално се регистрирани над 57.8 милиони случаи и 1.3 милиони смртни случаи од почеток на пандемијата. „Според...

Последна седница

Од 25-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 984 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 67311, оздравени се 631 пациенти – починати се 24 лица

Денеска се регистрирани 984 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 67311, оздравени се 631 пациенти – починати се 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Охрид-28, Кавадарци-29,...

Денеска се регистрирани 1100 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 66330, оздравени се 585 пациенти – починати се 30 лица

Денеска се регистрирани 1100 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 66330, оздравени се 585 пациенти – починати се 30 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51,...

Денеска се регистрирани 1342 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 65231, оздравени се 679 пациенти – починати се 22 лица

Денеска се регистрирани 1342 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 65231, оздравени се 679 пациенти – починати се 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42,...