Од 56-та седница на Владата: Забрана за движење од 11:00 часот во недела на 24-ти мај до 05:00 часот наутро во вторник на 26-ти мај; Државниот карантин се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест; За уште 200 дена по престанокот на вонредната ќе се применуваат мерките за заштита во трговските објекти

Објавено на: 22.05.2020 | 21:05
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

Во сабота, на 23-ти мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

На оваа седница е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.
Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Владата денеска ги донесе измените и дополнувањата на протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции, според кој бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м2, и понатаму остануваат задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи, како и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.

На оваа седница министрите во Владата беа информирани за заклучокот од седницата на 57-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, според кој Министерството за здравство е задолжено, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата, да подготви предлог-модел за начинот на кој би се извршувал ПЦР тестот за лицата кои се во државен карантин за да се утврди на кои лица, доколку покажат негативен резултат, би можел да им се скрати престојот во задолжителната изолација.

На предлог на заменичката на Претседателот на Владата, задолжена за економски прашања, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за мај 2020 година.

Во врска со ова, Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27.05.2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

На денешната седница беше донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба.

Уредбата се носи со цел овозможување редовна организација на високообразовните установи, а воедно спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19, имајќи ја предвид вонредната состојба .

Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот.

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза, и докторска труд.

Исто така со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба, може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.

Владата на оваа седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...