МТСП: Мајките да бидат спокојни, породилното отсуство им трае до завршувањето на времените мерки, заштитата на децата ни е приоритет

Објавено на: 22.05.2020 | 19:05
Категории: Featured | Известувања

Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни – се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесена  Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за  отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство  и посвојување, да продолжи да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по заклучоци од Главен координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести.

Владата на Република Северна  Македонија во континуитет ги следи состојбите и потребите кои се во интерес и заштита на децата за што благовремено ќе продолжи да ја информира јавноста.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека наш врвен приоритет е грижита и заштитата на децата. Градејќи социјално праведно општество, обезбедуваме еднаков третман на сите деца. Се грижиме подеднакво за сите. 

Последна прес-конференција

Последна седница

Од 59-тата седница на Владата: Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена; Уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

Од 59-тата седница на Владата: Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена; Уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница донесе заклучок да достави до Претседателот на Република Северна Македонија извештај за преземените активности на државните институции за справување со кризата предизвикана од коронавирус со анализа за...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денеска се потврдени 89 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2315, оздравени се 17 пациенти – починати се 7 лица

Денеска се потврдени 89 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2315, оздравени се 17 пациенти – починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1. Денеска Институтот...

МТСП: Мерката за ослободување од работа на хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани, продолжува да важи

МТСП: Мерката за ослободување од работа на хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани, продолжува да важи

Министерството за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои...

Денеска се потврдени 62 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2226, оздравени се 17 пациенти – починати се 2 лица

Денеска се потврдени 62 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 2226, оздравени се 17 пациенти – починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е...