Од 51-вата седница на Владата: Усвоен првиот пакет од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот; Со 738 претпријатија и 6.524 вработени се затвори првата линија за бескаматни кредити од ,,Ковид 1″; Северна Македонија ќе има пристап до Фондот за солидарност на ЕУ вреден 800 милиони евра; Командата на СЕЕБРИГ од август оваа година ќе има седиште во Куманово

Објавено на: 12.05.2020 | 22:05
Категории: Седници на Влада

Владата на Република Северна Македонија на денешната 51-ва седница го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази.

Првата фаза е тековното функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачаните мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на КОВИД-19, и трета фаза, која предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните превентивни, против-епидемиски мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

На денешната седница, како дел од втората фаза, Владата го задолжи ЈЗУ „Завод за рехабилитација на слух, говор и глас“ – Скопје да започне со извршување на тековните работни активности, согласно протоколот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Во овој пакет одлуки за попуштање на рестриктивните мерки, Владата ги задолжи сите министерства и другите институции од делокругот на својата надлежност да ги имплементираат мерките од Планот за намалување на рестриктивните мерки и протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и доколку е потребно да направи соодветно изменување и дополнување на уредбите со законска сила од својот ресор.

Во рамките на оваа точка на седницата на Владата донесена е одлука да започнат со работни активности центрите за едукација, обуки и семинари за возрасни, организации на седници на органи на управување и конференции, академии за едукативни активности, почитувајќи ги протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Исто така, од утре е овозможено да отпочне со одржување на настава и спроведување на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука на возачи согласно протоколот за овие дејности.

Овој прв пакет „олабавувања“ на мерките предвидува и отпочнување со спортски тренинзи на отворено, исклучиво за индивидуални спортови и тенис, како и работата на спортските и другите обложувалници преку шалтер, повторно во согласност со протоколот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Согласно епидемиолошката состојба во државата и одлука од Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да се дозволи отворањето на затворените трговски центри – моловите, со почитување на строги правила и протоколи за нивна работа во услови на спроведување на мерки за превенција за спречување на појава и ширење на КОВИД-19.

Во рамките на овие мерки се дозволува избрани и именувани лица, претставници на институциите на државата, да можат да патуваат во други држави, со запазени мерки на заштита, заради активности поврзани со координација на активности од државен карактер.

На денешната седница на Владата, усвоена е информацијата на Развојната банка на Северна Македонија за четвртата група обработени кредитни апликации со што се исцрпени предвидените фондови за првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид 1″.

Со оваа четврта група, на вкупно 738 претпријатија кои вработуваат 6.524 лица им се одобрени кредитните барања за бескаматен кредит од ,,Ковид 1″ линијата. Средствата од кредитната линија се исцрпени заклучно со пристигнати кредитни апликации на 6-ти април 2020 година, до крајот на работното време. Процесирањето на кредитните барања, согласно јавниот повик, е по принципот ,,прв дојден, прв услужен”.

Од 738 претпријатија чии кредитни барања се одобрени, 77% или 565 претпријатија се до 10 вработени, 21% или 155 претпријатија се до 50 вработени додека 2% или 18 претпријатија се со 18 вработени.

По структура од вкупно одобрените барања, 373 претпријатија со дејност угостителство ја искористиле оваа кредитна линија во износ од 3 милиони евра. Од дејноста на транспортот 320 претпријатија ја искористиле кредитната линија во износ од 2,3 милиони евра. Од дејноста на туризмот 43 претпријатија ја искористиле оваа кредитна линија на вкупен износ од 252 илјади евра.

Во денешната информација на Влада беа предложени дополнително уште 107 кредитни апликации со вкупно 936 вработени кои ги исполнуваат условите, во износ од 776 илјади евра. Од овие 107 компании, најголем дел се микро претпријатија до 10 вработени, 80%, додека 16% се мали претпријатија до 50 вработени. По дејности, 44 претпријатија се од дејноста на транспорт, 60 се од дејноста на угостителството и три се од дејноста на туризмот.

На денешната седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.

На оваа своја седница Владата ја донесе Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, согласно која ќе се врши исплатата на финансиски средства за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност – баратели на финансиска поддршка, погодени од здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, за месеците април и мај 2020 година, во висина од 14.500 денари месечно.

Владата денеска ја усвои Информацијата за започнување на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА III за периодот 2021-2027, и ги задолжи министерствата да ги спроведат подготовките на стратешкиот одговор, организацијата на состаноците на секторските работни групи, како и подготовката на Акциските фишеа за 2021 и 2022 и Акциската програма во рамките на ИПА III.

Владата на  оваа седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на КОВИД-19.

Во април 2020 година, како дел од Иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со КОВИД-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки.

Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија и Соединетите американски држави – САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.

Со овој амандман на Договорот за грант, УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и даде согласност за спроведување на постапка за набавка на моторни возила и мебел за потребите на Командата на СЕЕБРИГ (South-Eastern Europe Brigade – SEEBRIG).

Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ, мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна  Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 60 офицери на НАТО, ќе работат во командата на оваа бригада. 

Последна прес-конференција

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање, вклучувајќи и контакти на позитивните по индикација дава резултати

https://youtu.be/89Rfa8uESOg Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја. Тој информираше и за статистиката во врска со пациентите, состојбата во болниците,...

Последна седница

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Од 76-та седница на Владата: Донесени протоколите за работата на базените и плажите; Се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска; Земјата се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19. Согласно Протоколот за работата на плажите...

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Од 75-тата седница на Владата: Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и...

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани; Одлука за постоење кризна состојба на јужната и северна граница; За три пати се зголемува опфатот на граѓани за вакцинирање од сезонски грип

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на...